Потпретседателката на СДСМ потсетува дека тие се бореле да ги раздвојат од било какво влијание судската и извршната власт. Признава дека дека има слабости во одредено функционирање и делување на владеење на правото, но дека тоа го наследиле како состојба при доаѓањето на власт на СДСМ
Таа се осврна на извештајот каде се вели дека Северна Македонија се обврза да започне и да ги постигне релевантните уставни измени како прашање на приоритет.Притоа додаде дека токму таа реченица потсетува дека не станува збор за никаков бугарски диктат
„Се создава некаква перцепција дека се работи за лош извештај, што не би се согласила, затоа што има голем број на други поенти кои што треба да ги имаме во предвид и тие треба да ги споделуваме со јавноста од една страна, а од друга страна треба да ја видиме реалната состојба каде ги имаме тие предности и секако да ги детерминираме слабостите на овој извештај“, рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 21, во врска со последниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата држава.
Лукаревска се осврна на извештаите од 2015 и 2016 година каде беше нотирано дека сме заробена држава, за разлика од сега кога секој може слободно да зборува, делува и критикува, како и дека тоа не смее да се заборави.
„Имаме 81 отсто прогрес во рамки на поглавјата и денес она што го слушнавме од страна на евроамбасадорот Гир кој што кажа дека извештајот е искрен и правичен, доаѓа во контекс кога има значајна динамика во однос на проширувањето и секако тоа нас ни соодејствува дека ние мора да продолжиме со реформите“,
посочи Лукаревска.

Потопретседателката на СДСМ потсетува дека тие се бореле да ги раздвојат од било какво влијание судската и извршната власт. Признава дека дека има слабости во одредено функционирање и делување на владеење на правото, но дека тоа го наследиле како состојба при доаѓањето на власт на СДСМ.
„Но тоа не значи дека тука треба да застанеме и да не продолжиме по патот кој што го имаме утврдено, а тоа е европскиот пат. Ние се боревме да ги раздвоиме од било какво влијание судската и извршната власт. Нема повеќе тефтерчиња и нема веќе нарачки. Тоа се придобивките и предизвиците од она што значи функционирање на судството,“
рече Лукаревска.
Според неа, користењето на европското знаменце има своја оправданост и не може да се каже дека станува збор за негова злоупотреба.
„За да успеат одредени реформски процеси во нашата држава кои што значат дел од таа ЕУ агенда, секако дека е и европското знаменце кое е користено во рамки на се она што значи европски законодавство. Никој пат не може да кажеме дека станува збор за злоупотреба. Напротив за одредена оправданост, заради клучните реформски процеси, усогласување со ЕУ регулативата и за подобро општеството и подобро за граѓаните, ја има својата оправданост,“
посочи Лукаревска.
Оценува дека уставните измени се единствената можност да се оправдаат реформските процеси.
Таа се осврна на извештајот каде се вели дека Северна Македонија се обврза да започне и да ги постигне релевантните уставни измени како прашање на приоритет.
Притоа додаде дека токму таа реченица потсетува дека не станува збор за никаков бугарски диктат.
„До крај на овој мандат ќе работиме на она што значи изгласување на уставните измени, како еден од предизвиците во овој извештај дека треба многу темелно да работиме на унапредување на политичкиот консензус, во рамки на нашето општество. Тоа значи дека треба многу да го унапредиме политичкиот дијалог на различни реформски процеси, теми и различни приоритети. Според мене, уставните измени ни се единствената можност кои што ќе можат да ги оправдаат сите овие реформски процеси и да бидеме дел од европското семејство“,
рече таа.
