На учениците што нема да покажат потврда за вакцинација ќе им биде забрането да посетуваат настава во училниците по завршувањето на зимскиот распуст на 11 јануари и ќе мора да посетуваат настава на далечина
Учениците во Лос Анџелес на возраст над 12 години мора да бидат вакцинирани против коронавирусот пред да се вратат на училиште следната година по зимскиот распуст.
Управниот одбор на училишната област во Лос Анџелес вчера изгласа дека се очекува да се вакцинираат речиси сите 630 000 ученици – оние што се занимаваат со спорт и други воннаставни активности до крајот на октомври, и сите други до 19 декември.
На учениците што нема да покажат потврда за вакцинација ќе им биде забрането да посетуваат настава во училниците по завршувањето на зимскиот распуст на 11 јануари. Тие ќе мора да посетуваат настава на далечина според независната студиска програма на ЛАУСД.
Училишниот систем во Њујорк, кој е најголем во САД, одреди задолжителна вакцинација за само 20 000 ученици спортисти во одредени спортови за кои се смета дека се изложени на висок ризик од ширење на коронавирусот, како што е борењето.
Американските регулатори ја одобрија употребата на вакцината „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19 за деца од 12 до 15 годишна возраст.