Волфсон во писмото испратено до премиерот, кое го објави и на својот твитер-профил, истакнува дека постапките на Џонсон не се во согласност со владеењето на правото
Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети поради прекршување на антиковид-правилата во земјата.
Волфсон во писмото испратено до премиерот, кое го објави и на својот твитер-профил, истакнува дека постапките на Џонсон не се во согласност со владеењето на правото.
My letter to the Prime Minister today. pic.twitter.com/lADCvKDKbB
— David Wolfson (@DXWQC) April 13, 2022
Волфсон истакнува дека би било погрешно таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тривијални прекршоци.
Волфсон е прв член на британската влада кој поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.
Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата.
Опозицијата во Велика Британија побара оставки од премиерот Џонсон и министерот Сунак откако им беа изречени казни поради кршење на антиковид-мерките и учество на забава организирана во јуни 2020 година.