Советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓевски-Чикаш, го нападна началникот на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, сведочат лица што се нашле на местото на настанот, пишува порталот „Локално“, кој објави и видео од инцидентот.

На видеото може да се види дека на местото на настанот има уште неколку лица што интервенирале и спречиле да не дојде до поголем инцидент.
Од МВР засега нема официјален одговор за настанот во кој учествувал советникот на Чулев и началникот од Тетово.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете ТУКА.