Од Хрватското противпожарно друштво попладнево информирале дека состојбата на местото е многу подобра и оти повлекуваат дел од своите екипи. Поради пожарот во фабриката и опасноста од опасни материи во воздухот утре во осиечкото педградие Бријест нема да има настава во пет основни училишта, како и во Земјоделското и ветеринарно училиште
Пожарот што ноќта меѓу вторник и среда избувна во кругот на компанијата за складирање и преработка на пластика „Драва интернационал“, во близина на приградската населба Бријест во Хрватска, е локализиран и ставен под контрола, велат последните информации од јавната противпожарна единица во Осиек, пренесува ХРТ.

Поради следење на ситуацијата, од Градот Осиек соопштиле дека противпожарните екипи ќе останат на терен и во текот на оваа ноќ.
Од Хрватското противпожарно друштво попладнево информирале дека состојбата на местото е многу подобра и оти повлекуваат дел од своите екипи.
„Повлековме дел од противпожарната бригада и сега се ангажирани околу 50 пожарникари со 20 противпожарни возила“,
изјавил началникот на противпожарната служба, Зоран Пакшец.
При гаснењето на пожарот што избувна на отворено складиште за пластика, а во еден момент зафати и дел од погоните на компанијата, повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко.
Поради изгореници на телото, тој бил опериран и според информациите од болницата во Осиек се наоѓа во стабилна состојба.
„Со оглед на тоа дека кај пацеинтот се констатирани изгореници на значителен процент од површината на телото и дека станува збор за изгореници од втор до трет степен, беше неопходно итно да се оперира. Дознаваме дека операцијата поминала добро, дека пациентот е стабилен и надвор од животна опасност,
изјавила Ведрана Макаровиќ, раководител на КБЦ Осиек.
A huge blaze erupted this morning in #Croatia ?? at the Drava International plastics factory complex in #Osijek. Residents have been advised to stay indoors. Fighter fighters say some of their equipment melted pic.twitter.com/enT8dRnD8m
— ?? ???? ?????? (@AiNewsRep) October 4, 2023
Денеска се огласиле и од компанијата „Драва интернационал“, во чиј објект се запали пластиката која се чувала на отворено на површина од неколку илјади квадратни метри. Оттаму навеле дека огнот зафатил пластични (ПЕТ) шишиња и полиетиленски фолии и дека истрагата за причините за пожарот е во тек.
„Во текот на ноќта зад нас дојде до пожар во нашиот магацин со суровини, поточно ПЕТ шишиња и полиетиленски фолии. Истрагата е во тек, а наш примарен интерес е што поскоро да се изгасне пожарот и да се утврдат околностите на овој немил настан. И покрај сите мерки на претпазливост што ги преземаме, ваквите инциденти укажуваат на можност за надворешно влијание, што истрагата дополнително ќе го разјасни. Нашите мисли се со повредените пожарникари и нивните семејства, им посакуваме успешно и брзо закрепнување“,
се вели во дел од соопштението на компанијата што го пренесува ХРТ.

Од компанијата тврдат дека работат согласно со законските прописи на Хрватска и дека моменталните количини на суровини во магацинот биле во согласност со дозволените. Нагласуваат дека компанија „Драва интернационал“ речиси 20 години се занимава со рециклирање и преработка на пластика и производство на готови производи и вработува 500 луѓе.
Поради пожарот во фабриката и опасноста од опасни материи во воздухот, утре во осиечкото педградие Бријест нема да има настава во пет основни училишта, како и во Земјоделското и ветеринарно училиште.
Одлуката ја донело Управното одделение за образование и млади на Осиечко-барањската жупанија во договор со Штабот за цивилна заштита.
Инаку, уште денеска наутро привремено беше прекината работата во некои училишта лоцирани на трасата над која се издигна густ чад по пожарот.
Информациите од анализите што има во воздухот по големиот пожар треба да се знаат во следните неколку часа, јавува хрватската национална телевизија.