Пожарникарите го довршуваат гаснењето на некои горливи материјали во објектот и на покривната конструкција, а тоа може да трае до вечер. Отстранета е опасноста да бидат зафатени соседните објекти, велат од прилепската противпожарна единица

Локализиран е пожарот што денеска ја зафати прилепската текстилна фабрика „Тила“, информираат од прилепската противпожарна единица.
„Големиот пожар што околу 13 часот ја зафати прилепската текстилна фабрика „Тила“ е локализиран, но пожарникарите сè уште работат. Тие го довршуваат гаснењето на некои горливи материјали во објектот и на покривната конструкција, а тоа може да трае до вечер“,
вели командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски.
Тој додава дека е отстранета опасноста да бидат зафатени соседните објекти.
Во гаснењето на пожарот што ја зафати текстилната фабрика за детска облека „Тила“ повеќе од четири часа работат 16 пожарникари, пет противпожарни возила, комплетна опрема од противпожарната станица во Прилеп, а напомош на пожарникарите им биле испратени три цистерни од јавните комунални претпријатија. Во објектот немало никој кога избувнал пожарот од покривната конструкција каде што се монтирани сончевите панели.
Допрва ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот во прилепската фабрика.