Словенија, која од денеска го почнува претседавањето со ЕУ, како што рече шефот на словенечката дипломатија, сака брз старт на процесот на проширување, и ако Европа сака да биде целосна и слободна тогаш земјите од регионот мора да бидат ислушани со инклузивен пристап
Проширувањето не е техничко, туку клучно, врвно геостратегиско прашање, прашање што бара внимание, амбиција и политичка волја на сите чинители за остварување на заедничките цели – цврста и силна Европа, порача шефот на словенечката дипломатија Анже Логар во видеопораката на панелот на министрите за надворешни работи „Градење на доверба преку дијалог“ во рамки на „Преспа форум дијалогот“, порачувајќи дека проширувањето на ЕУ со балканските држави останува приоритет за Словенија како претседавач.
Словенија, која од денеска го почнува претседавањето со ЕУ, како што рече Логар, сака брз старт на процесот на проширување, и ако Европа сака да биде целосна и слободна тогаш земјите од регионот мора да бидат ислушани со инклузивен пристап.
Во спротивно, вели тој, отсуството стратегиски решенија за регионот го остава авионот без пилот, остава простор за други геостратегиски играчи да го остварат своето влијание.
Тој порача дека во суштината на словенечкото претседателство со ЕУ се и безбедноста и мирот и за сето ова мора да се дискутира на највисоко ниво, за што се организира и Самит ЕУ-Западен Балкан, бидејќи успехот на регионот зависи од сите актери што се вклучени во процесот.