Најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци, Охрид и Гевгелија, додека опфатот со вакцинација е најмал во Кичево, Тетово и Дебар
Министерството за здравство објави податоци за опфатот на вакцинација против ковид-19 во земјава. Според нив, досега на територијата на цела држава барем една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните.
Според податоците на Министерството за здравство, најголем процент вакцинирано население има во Кавадарци односно 43,5 отсто од жителите на оваа општина примиле барем една доза на вакцина притив ковид-19. Следни со висок процент на вакцинирани се Охрид – 42,9% и Гевгелија 41%.
Скопје се наоѓа некаде на средината на листата со 30%. Најмалку вакцинирани има во Кичево – 15,8%, а на дното на листата се и Тетово – 17,3% и Дебар – 17,3%.
Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:
Ресен 39,8%;
Битола 38, 9%;
Неготино 38%;
Штип 37,2%:
Пехчево 36%;
Велес 31%;
Демир Хисар 30,9%;
Берово 30,9%;
Скопје 30,8%;
Валандово 30,6%;
Прилеп 30,3%;
Пробиштип 29,7%;
Крушево 28,3%;
Кочани 25,3%;
Свети Николе 25,2%;
Делчево 24,9%;
Виница 24,5%;
Крива Паланка 23,9%;
Радовиш 23,2%;
Струга 23,1%;
Куманово 21,2%;
Струмица 19,4%;
Кратово 18,9%;
Македонски Брод 18,2%;
Гостивар 17,8%