Во присуство на родител и адвокат со малолетникот е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава
Лишен е од слобода малолетник што со автомобил марка „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки учествувал во сообраќајка што вчера попладне се случи на крстосницата меѓу улиците „Индира Ганди“ и „Вашингтонска“ во скопско Шуто Оризари, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Сообраќајната незгода се случи вчера во 16:20 часот меѓу патничко возило ‘фолксваген голф‘ со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило ‘ауди‘ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. А. (21) од Скопје“,
пишува во полицискиот билтен.
Со телесни повреди се здобил возачот на „аудито“, констатирани во Градската болница „8 Септември“ во Скопје.
По извршениот увид на местото на несреќата, по наредба на јавен обвинител, лишен е од слобода малолетникот поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.
Во присуство на родител и адвокат со малолетникот е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
