Оваа тема ќе се најде пред европските лидери пред одржување на самитот ЕУ-Африка, но од состанокот нема да има официјални заклучоци
Лидерите на ЕУ утре во Брисел ќе разговараат за распоредените руски војници на границите на Украина, изјави денеска претставник на Унијата.
„Пред самитот ЕУ-Африка ќе има едночасовен неформален состанок на членовите на Европскиот совет за состојбата меѓу Русија и Украина“,
изјави Барен Лејтс, портпарол на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
По средбата нема да има официјални заклучоци.
Програмата Африка-Европа е првиот регионален план според новата европска стратегија за поврзување наречена „Глобална порта“, а со која ЕУ сака да се спротивстави на кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“.
Стратегијата предвидува инвестирање до 300 милијарди евра во јавни и приватни фондови во инфраструктурни проекти ширум светот до 2027 година, од кои половина ќе одат во Африка.