Летоска, Апасиев ги одбиваше повиците од Христијан Мицкоски, за обединување контра власта, тврдејќи, меѓу другото, дека медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ водат валкана кампања против него и неговата партија
Партијата Левица потврди дека влегува во коалаиција со десничарската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, каде што парламентарната опозиција ќе го има мнозинството, со 24 советници.
Освен Левица, која има четири советници, во новото мнозинство, покрај десничарската ВМРО-ДПМНЕ (18 советници), ќе учествува и исто така десничарската коалиција Алијанса/Алтернатива, која освои две советнилки места во Градското собрание.
„Официјално ДУИ и СДСМ ја изгубија локалната власт во главниот град. Парламентарната опозиција обезбеди мнозинство во Советот на Скопје,“
се наведува во соопштението на Левица.
Од партијата на Димитар Апасиев, вчера излегоа со заклучоци според кои Левица „има склучено само коалиција со народот и со граѓаните и затоа одбива каква било формална коалиција со кој било друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата“. Во оние општини каде двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат апсолутно мнозинство во советите, Левица вели дека ќе дејствува како опозиција. Но, во конкретни општини каде мнозинството на досегашните опозициски партии ќе зависи од советниците на Левица, како што објаснуваат од раководството на партијата, тие се спремни да дадат условена поддршка, а некаде и да бараат претседавач на советот.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска први излегоа со истото соопштение како и левица, посочувајќи дека имаат мнозинство во Советот на Скопје, но без да кажуваат со кои партии, кога би се одржала конститутивна седница и кој би бил новиот претседавач.
Летоска, Апасиев ги одбиваше повиците од Христијан Мицкоски, за обединување контра власта, тврдејќи, меѓу другото, дека медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ водат валкана кампања против него и неговата партија.