Според Апасиев, кампањата ќе биде валкана, а најголемите како што рече, „удари“, ги очекува од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата Левица ќе има свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и на локалните избори годинава, потврди лидерот на партијата, Димитар Апасиев во интервју за ТВ24. На претходните локални избори Левица го кандидираше Петар Георгиевски, познат музичар по прекарот „Камиказа“.
На огласот за кандидати за градоначалници досега се пријавиле 20 лица, а од утре внатрепартиски ќе се разгледуваат нивните апликации.
Во над 50 општини, партијата ќе има и свои советнички листи.
Според Апасиев, кампањата ќе биде валкана, а најголемите како што рече „удари“ ги очекува од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека најголемата владејачка партија на овие избори ќе потроши огромна сума на пари.
Досега ВМРО-ДПМНЕ го потврди својот кандидат за градоначалник на главниот град. Ќе биде Орце Георгиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода.
СДСМ разгледува четири имиња, а меѓу нив се поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова и архитектот Мишко Рале.