Во својата изборна програма за ланските парламентарни избори, Левица вети законска заштита на името ВМРО и превенирање на негово користење од страна на која било политичка партија, фирма или невладина организација поради, како што се наведува во програмата, неговата емотивна злоупотреба во дневнополитички цели
Пратеничката група на опозициската Левица до претседателот на Собранието поднесе предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО, по скратена постапка.

За поднесениот предлог-закон денеска на Фејсбук информира пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
„Конечно, дојде денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разноразни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење“,
пишува Апасиев во објавата на Фејсбук.

Во својата изборна програма за ланските парламентарни избори, Левица вети законска заштита на името ВМРО и превенирање на негово користење од страна на која било политичка партија, фирма или невладина организација поради, како што се наведува во програмата, неговата емотивна злоупотреба во дневнополитички цели.
Вакво изборно ветување Левица имаше и во изборната програма за изборите во 2020 година.