Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „заклучувањето“. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. Потоа „заклучувањето“ ќе се ублажи само за вакцинирани
Летонија најави „затворање“ на земјата од 21 октомври до 15 ноември во обид да го забави растот на инфекции на коронавирус. Летонија е на првото место во светот според нивото на заразени, изјави министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата.
Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „заклучувањето“. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. Потоа, „заклучувањето“ ќе се ублажи само за вакцинирани, истакна министерот.
„Нашиот здравствен систем е во опасност“,
рече премиерот Артурс Кришјанис Каринш наведувајќи го ниското ниво на вакцинација во земјата како причина за зголемените хоспитализации. Во Летонија стапката на вакцинација е една од најниските во Европската Унија.