Не се соопштуваат детали за здравствена состојба на кралицата Елизабета, ниту за прегледите направени за време на нејзината хоспитализација пред девет дена
Кралицата Елизабета ќе мора да мирува уште најмалку две недели, соопшти вечерва Бакингемската палата, додавајќи дека во тој период таа нема да патува.
Британската кралица веќе откажа две патувања. По напорниот почеток на месецот, 95-годишната кралица, најстариот владејачки монарх, ја помина ноќта во болница пред девет дена и неволно откажа две патувања, едно во Северна Ирска и друго на климатската конференција во Глазгов по совет на нејзините лекари.
Не се соопштуваат детали за нејзината здравствена состојба, ниту за прегледите направени за време на нејзината хоспитализација.
Од замокот Виндзор, таа извршила некои кралски должности преку видеоконференциск врскаа, како што е вчерашното доделување златен медал за поезија на англискиот поет Дејвид Константин, каде, според кратко видео, била опуштена и насмеана. Палатата соопшти дека кралицата ќе продолжи да извршува лесни задачи, преку видеоконференциска врска.
