Во последните неколку месеци расте бројката на починати здравствени работници од коронавирусот
Општ лекар од Крушево ја загуби битката со коронавирусот.
Докторот Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.
Веста за неговата смрт ја потврдија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.
„Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството“,
објавија од Асоцијацијата на фејсбук.
Меѓу 24 починати во последното деноноќие е и медицинска сестра од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница.
Во последните неколку месеци расте бројката на починати здравствени работници од ковид-19.
Во октомври почина штипскиот хирург Ѓорѓи Денков, а минатиот месец битката со ковид -19 ја изгуби интернистот Шукри Фазлији од Куманово.
Во почетокот на овој месец почина и струшкиот хирург Владимир Кочоски.