Според предлагачите, со ова ќе се овозможи граѓаните на претстојните локални избори да гласаат и за кандидати, односно личности, покрај партиите или коалициите што ќе ги одберат
Отворени листи за избор на советници во општините, предлагаат три партии од коалицијата на СДСМ – ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз.
Овие три партии, кои најавија заеднички настап на локалните избори наесен, поднеле во Собранието предлог-измени на Изборниот законик, со кои, меѓу другото, се предлага и правична родова застапеност на кандидатските листи.
Според предлагачите, со ова ќе се овозможи граѓаните на претстојните локални избори да гласаат и за кандидати, односно личности, покрај партиите или коалициите што ќе ги одберат.
