Според пријавеното, жената добила телефонски повик од лице што ѝ се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на ногата, за што било потребно да се изврши операција со вградување шипки
Седумдесет и седумгодишна штипјанка пријавила дека e измамена од лажен лекар за сума од 700 000 денари.

Според пријавеното, жената вчера добила телефонски повик од лице што ѝ се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на ногата, за што било потребно да се изврши операција со вградување шипки.
„Лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контактирале нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена“,
наведуваат од МВР.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
