Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека преговорите се Украина се насочени кон обезбедување на нејзин неутрален воен статус.
„Целта на преговорите што се водат е да се обезбеди воено-нетруален статус и демилитаризација на Украина со цел нејзината територија никогаш повеќе да не претставува закана за Русија. Секако, треба да се спречи и политиката на нацификација на земјата која е потврдена во целата низа законодавни акти. Тоа подразбира укинување на сите дискриминациски ограничувања поврзани со рускиот јазик, образование, култура и медиуми“,
изјави Лавров на заедничката конференција за медиумите со иранскиот колега.
Во меѓувреме, по вчерашната пауза, денеска продолжуваат преговорите меѓу руската и украинската мировна делегација, информира советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак на Твитер.