Министерот за надворешни работи на Русија рекол дека информациите од американски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, дека САД се отворени за разговори, но Русија е таа која што ги одбива, не се точни
Шефот на руската дипломатија, Сергел Лавров денеска изјави дека САД се одамна вмешани во војната во Украина и дека не се точни наводите од официјални американски претставници дека Русија ги одбива повиците за мировни разговори во однос на војната во Украина.

„Ми се чини дека Американците учествуваат де факто во оваа војна долго време“, изјавил Лавров за руската телевизија, пренесува „Дојче веле“ и додал дека „оваа војна е контролирана од Англо-саксонците.
Министерот за надворешни работи на Русија рекол дека информациите од американски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, дека САД се отворени за разговори, но Русија е таа која што ги одбива, не се точни.
„Тоа е лага. Не сме добиле ниту една сериозна понуда за да оствариме контакт“, рекол Лаворв и потенцирал дека Русија сака да слушне предлози во врска со мировни разговори, но не може да каже како тој процец би завршил.
Шефот на руската дипломатија рекол дека Кремљ нема да одбие средба помеѓу претседателот, Владимир Путин и американскиот претседател, Џо Бајден на претстојниот состанок на Г20 и би го разгледала тој предлог доколку го добие.