Двајцата министтри се договориле Русија и Кина да продолжат да го зајакнуваат своето стратешко партнерство, ифнормира руското МНР
Министрите за надворешни работи на Русија и Кина денеска ги осудија „незаконските и контрапродуктивни“ санкции на Западот воведени кон Москва поради нејзината операција во Украина, соопшти руското министерство за надворешни работи.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров во југоисточната кинеска покраина Анхуи, каде Кина е домаќин на дводневна конференција за Авганистан.
Русија на состанокот побарала поддршка и партнерство од Кина додека станува се поизолирана, одделена од глобалните финансиски пазари.
„Министрите разменија мислења за состојбата во Украина. Шефот на руското министерство за надворешни работи го извести кинескиот колега за напредокот на специјалнатавоена операција и на динамиката на преговарачкиот процес со режимот во Киев“,
се вели во соопштението на Руското МНР.
Оттаму додаваат и дека двајцата министри се договори Русија и Кина да продолжат да го зајакнуваат своето стратешко партнерство.
Лавров рекол дека ова е многу тешко време во историјата на меѓународните односи и дека Русија, Кина и другите земји истомисленици веројатно ќе ги зајакнуваат односите за да формираат нов светски поредок, пренесува Тасс.
„Заедно со вас и другите истомисленици ќе се придвижиме кон мултиполарен, праведен и демократски светски поредок“,
рекол Лавров.
Ванг пак рекол дека кинеските и руските односи „го издржале тестот на меѓународните турбуленции“, односно дека постои подготвеност за и двете страни и натаму да ги развиваат односите, извести кинеската телевизија Феникс.
„Не постои граница за соработка меѓу Кина и Русија, нема ограничување за нашите напори во постигнувањето на мир, ќе ја зајакнеме безбедноста и ќе се спротивставиме на хегемонијата“,
изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни рабопти на брифинг за медиумите во Пекинг.
Лавров, кој во понеделникот рече дека односите меѓу Русија и Кина се на историски „највисоко ниво“ пристигна на разговорите чиј домаќин е Ванг, а кои треба да ги вклучат и претставниците на владејачките талибани во Авганистан, како и властите на Пкистан, Иран, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.