Рускиот шеф на дипломатијата нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае оти Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа во врска со иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање сегашниот статус на островот како дел од Данска.

„Гренланд не е природен дел од скандинавското кралство“,
изјави тој за новинарите на годишната прес-конференција во Москва.
Лавров додаде дека проблемот со поранешните колонијални територии сега станува сè поизразен.
Рускиот шеф на дипломатијата нагласи дека Москва нема интерес да се меша во прашања поврзани со Гренланд и дека Вашингтон знае оти Русија нема планови да ја преземе контролата врз островот, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој додаде и дека Москва ја следи сериозната геополитичка ситуација поврзана со Гренланд.
НАТО, рече тој, треба да донесе одлука за Гренланд во рамките на самата алијанса.
