Рускиот шеф на дипломатијата истакна дека Русија отсега нема да има доверба во САД и ЕУ
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса“ меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина.
„Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта, изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат“,
додаде тој.
Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат.
„Европската Унија ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ“,
рече шефот на руската дипломатија.
Тој истакна дека Русија отсега нема да има никаква доверба во САД и ЕУ.
„Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори“,
порача Лавров.