Едно од светски најпрестижните и највлијателни медицински списанија Лансет ја повлече студијата за лекот хидроксихлорохин која ја објави на 22 мај.
Студијата за која се велеше дека опфатила речиси 96 000 пациенти заразени со коронавирус, покажуваше дека хидроксихлорокинот и хлорокинот не само што не даваат добри резултати во лечењето, туку можат да ја зголемат веројатноста за смрт во болничките установи.
Според податоците, на 15 илјади заразени им бил даван хидроксихлорокин или некој вид хлорокин, во одредени случаи во комбинација со антибиотик.
Смртноста кај оние кои била на терапија со хидроксихлорокин изнесувала 18 посто, кај оние кои биле третирани со хлорокин 16.4 посто, а кај контролната група која не добивала лекови, смртноста била 9 посто. Врз основа на овие резултати, многу држави се решија да ја забранат употребата на овие лекови за ковид-19 a Светската здравствена организација реши привремено да го прекине клиничкото испитување на лекот против маларија од страв за неговата безбедност при лечењето на коронавирус.
Лансет и авторите не може да гарантираат за вистинитоста на студијата
Денеска, Лансет објави дека тројцата автори ја повлекле објавената студија. Велат дека не можеле да извршат независна ревизија на податоците на кои се базирала нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучиле дека не можат да гарантираат за вистинитоста на примарните извори на податоци.
„Откако ја објавивме студијата, се појавија недоумици во однос на вистинитоста на податоците и анализите кои за нашата публикација ги спроведе корпорацијата ‘Surgisphere’ и нејзиниот оснивач и наш коавтор Сапан Десаи. Со негова согласност, почнавме да правиме независна рецензија врз работата на ‘Surgisphere’ за да ја потврдиме дали сме ја имале на располагање целата база на податоци и анализи кои ги претставивме во нашиот труд. Независните рецензенти не известија дека ‘Surgisphere’ не сака да им ги пренесе сите податоци за клиентите и целосниот извешатај за анализата, бидејќи со преностот на податоците би го прекршил договорот со клиентите и би ја нарушил нивната приватност. Со оглед на тоа, нашите рецензенти не беа во можност да спроведат независна рецензија и не известија дека се повлекуваат од натамошен ангажман. Тежиме без исклучок нашите истражувања да бидат во согласност со највисоките етички и професионални принципи, а поради ваквиот развој на настаните не можеме да ја гарантираме вистинитоста на примарните извор на податоци. Најдлабоко им се извинуваме на сите за непријатноста“,
пишува во објаснувањето на авторите.
Британски Гардијан во средата објави статија во која го доведе во прашање легитимитетот на корпорацијата „Surgisphere“, а врз основа на тоа и на интегритетот на целата студија објавена не само во Лансет, туку и во the New England journal of medicine.
Истражувањето на јавно публикуваните информации кое го спровеле новинарите од Гардијан покажало дека се работи за речиси непозната американска корпорација во која меѓу другите се вработени и пишувач на научно фантастични романи и порно актер.
Светската здравствена организација на последната прес- конференција одржана на 3 јуни извести дека го прекинува мораториумот на истражувањата за дејството на хидроксихлорикинот во терапијата против ковид-19.