Неговиот твит е реакција на објава на германскиот пратеник Михаел Рот, кој претходно напиша дека ЕУ мора „да ги исполни своите ветувања: почеток на пристапните преговори со Албанија, Северна Македонија, визна либерализација за Косово“
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово.
„Целосно се согласувам со вашата проценка“,
објави Лајчак на Твитер.
Thank you @MiRo_SPD. I could not agree more with your assessment. https://t.co/4CwawQHw4M
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) March 30, 2022
Неговиот твит е реакција на објава на германскиот пратеник Михаел Рот, кој претходно напиша дека ЕУ мора „да ги исполни своите ветувања: почеток на пристапните преговори со Албанија, Северна Македонија, визна либерализација за Косово“.