„Вчера на забавата на Општина Центар, каде пола раководство на СДС расположено играше и пееше сред Центар, Богданка Кузеска заборави дека не носеа маски и заборавија на паниката која ја шират и лажната грижа за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Лицемерието на СДСM продолжува, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на денешната прес-конференција на портпаролката на опизицискиот СДСМ, Богданка Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека додека СДСМ навидум изразува загриженост, зад кулисите, надвор од очите на јавноста, се расположени и лабави, уживајќи во придобивките на животот кој, како што велат, им го донесе Зоран Заев.
„Оттука, вчера на забавата на Општина Центар каде пола раководство на СДС расположено играше и пееше сред Центар, Богданка Кузеска заборави дека не носеа маски и заборавија на паниката која ја шират и лажната грижа за граѓаните. Ваквото лицемерие на СДС е прочитано од граѓаните. Овие нивни прес-конференции кои се лажни, дволични, се само одраз на забеганоста на нивното раководство кое додека штанца непромислени соопштенија и прес-конференции, не може да сфати дека не живееме сите на Марс како нивното раководство и се гледаме низ Скопје, а гледаме и колку се загрижени за ситуацијата. Тоа што е најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат за подметнатите пожари пред избори (кои никогаш ги немало минативе години). Е тогаш ќе им требаат маски бидејќи Идризово е блиску до Трубарево“,
соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска прес-коференција одржа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, носејќи заштитна маска на лицето. Таа рече дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и мора да има одговорност за еколошката катастрофа.