„Самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата“, рече вечерва на прес-конференција од Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, Богданка Кузеска од неговиот тим за комуникации
Денеска имавме демократски изборен ден. Гласањето се одвивање во фер и демократска атмосфера. Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено како што доликува на една демократска земја, земја која е членка на НАТО со почнати преговори за членство во Европската Унија.
Ова вечерва на прес-конференција од Изборниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски го соопшти Богданка Кузеска од неговиот тим за комуникации.

„Констатирани се само неколку, многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаме за исклучоци“,
рече Кузеска.
Изрази благодарност до сите граѓани кои денеска гласале, зашто како што посочи таа, правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.
„Самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата“,
вели таа.
Кузеска рече дека ги очекуваат изборните резултати и дека се уверени дека граѓаните и денеска и на 8 мај поддржуваат и како што додаде, ќе ја поддржат европската иднина за Македонија.
„Иднина во која Македонија е дел од европското семејство и горда членка на Европската Унија“,
рече таа.
При самата кампања, како што рече Кузеска, повикувавле на масовност, сите кои имаат право да гласаат, да го остават правото на глас.
„Моќта на граѓаните е токму преку нивниот глас“,
вели Кузеска.