Пред да ја донесат одлуката, властите побараа да се избришат некои непристојни сцени кои поттикнуваат неприфатливо однесување
Кувајт го забрани прикажувањето на светски познатиот филм „Барби“ во кината поради „навреда на јавниот морал“, соопштија денеска кувајтските власти. Неколку американски блокбастери беа слабо прифатени на Блискиот Исток во последниве месеци поради нивното прикажување на геј и трансродови луѓе.
„Проекцијата на филмовите ‘Барби’ и ‘Разговарај со мене’, е забранета“,
изјави претседателот на одборот за кинематографска цензура Лафи Субаиеи, пренесе агенцијата Куна.
Тој објасни дека властите можат да забранат сѐ што го нарушува јавниот морал, јавниот ред и традиции со воведување странски идеи во општеството.
Пред да ја донесат одлуката, властите побараа да се избришат некои непристојни сцени кои поттикнуваат неприфатливо однесување, рече тој, без да прецизира за што станува збор.
Либански министер: Филмот ја промовира хомосексуалноста
Либанскиот министер за култура вчера изјави дека побарал забрана за „Барби“, велејќи дека таа промовира хомосексуалност, во услови на растечка анти-ЛГБТ+ реторика во една од најлибералните земји на Блискиот Исток.
Главниот дистрибутер на Кувајт во понеделникот објави дека властите го забраниле австралискиот хорор-филм „Разговарај со мене“, во кој глуми трансродовиот актер Зои Теракес кој се идентификува како небинарен, но кој експлицитно не го спомнува движењето за правата на ЛГБТ+ заедницата.
Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER