Движењето Самоопределување од Косово наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Северна Македонија, најави лидерот на движењето и доскорешен премиер на Косово, Албин Курти, пренесува МИА.
„Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја поведуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Северна Македонија“,.
порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина
Според него, неговата партија е порасната и проширена на „сите албански територии“.
„Самоопределување ќе има и во Албанија, во Северна Македонија, во дијаспората и насекаде. Во Косово набргу ќе има избори и Самоопределување ќе го добие мнозинството гласови“,
рече Курти, порачувајќи дека сета власт во Косово ќе ја има неговата партија.
Курти беше избран за премиер на Косово на 3 февруари годинава, откако неговата партија победи на изборите од 6 октомври, минатата година.
На 25 март Собранието на Косово, на иницијатива на неговиот дотогашен коалициски партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му изгласа недоверба, додека на 3 мај беше избрана новата влада, предводена од Авдулах Хоти од ЛДК. Самоопределување ѝ го оспорува легитимитетот на новата влада и бара нови парламентарни избори.
