Постапката на Обвинителството се однесува на настан од 20 март годинава, кога сопружниците имале вербална расправија во семејната куќа. При расправијата, осомничениот физички ја нападнал жена си удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово покрена постапка и предложи притвор за 59-годишен кумановец кој е осомничен дека при вршење семејно насилство ѝ нанел тешки телесни повреди на својата сопруга.

Постапката на Обвинителството се однесува на настан од 20 март годинава, кога сопружниците имале вербална расправија во семејната куќа. При расправијата, осомничениот физички ја нападнал жена си удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал фрактури на три ребра.
Педесет и деветгодишникот е осомничен за делото тешка телесна повреда.
