На годишната конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед“ на тема „Односите меѓу Бугарија и Северена Македонија – како отсега па натаму“, европратеникот посочи дека е опасно да се предлага разделување на Северна Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија
Надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Северна Македонија е легитимен, бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот, истакна известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, европратеникот Илхан Ќучук, јави МИА од Софија.
На годишната конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед“ на тема „Односите меѓу Бугарија и Северена Македонија – како отсега па натаму“, тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Северна Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија.
Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, пак, изјави дека рамковната позицијата прифатена од властите на Софија е нефункционален документ со многу содржини и за внатрешна употреба.
Истовремено, тој истакна дека договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година создал стабилен амбиент, дека ги обновува односите меѓу Софија и Скопје, но во споредба со договорот меѓу Скопје и Атина, тој со Софија е неплоден.