Во честитката по повод Денот на независноста, европратеникот го охрабрува македонскиот народ да се гордее со своите достигнувања, велејќи дека „посветеноста на градењето заедничка иднина во ЕУ, каде што соништата на следните генерации ќе може да процветаат, е основата на сите напори за соработка и добрососедски односи“
Постигнавте многу, но има уште работа – изградете општество кое напредува на различностите, ја прифаќа инклузијата и ги поддржува принципите на правда и еднаквост за сите.
Ова е дел од видеообраќањето на бугарскиот европратеник и известувач за С Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, во кое тој го честита 8 Септември – Денот на независноста на земјава.

„Патот на Северна Македонија кон независноста не беше само борба за политичка автономија, тој беше доказ за трајната моќ на единството. Докажавте дека вашата сила лежи во вашата способност да се здружите, да ги надминете разликите за да изградите обединета земја. Денот на независноста служи како потсетник дека вашиот напредок како нација е континуирано патување“,
порача Ќучук во видеообраќањето.
Во честитката по повод Денот на независноста, европратеникот го охрабрува македонскиот народ да се гордее со своите достигнувања, велејќи дека „посветеноста на градењето заедничка иднина во ЕУ, каде што соништата на следните генерации ќе може да процветаат, е основата на сите напори за соработка и добрососедски односи“.
Според неговите зборови, фактот дека основата на надворешната политика на земјава е воспоставувањето добри односи со сојузите кои го зачувале мирот, како што се ЕУ и НАТО, ја докажува посветеноста на С Македонија за меѓународна соработка.