Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, иако тоа е невозможно според Повелбата на организацијата во која Русија има право на вето во главното тело – Советот за безбедност
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на повикот на Киев за исклучување на Русија од Обединетите нации одговори со поговорката „кучиња лаат, карванот врви“.
„Тоа е случај кога кучињата лаат, а карванот врв. Ништо не треба да се преземе во врска со тоа. Украина преживеа различни личности во својата историја. Во изминатите години и децении имаше многу никаквеци кои целосно ја уништија земјата, ја турнаа на работ на пропаст“,
изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи.
Според неа, Русија треба соодветно да ја гради државната политика.
„Апсолутно не вреди да се слушаат оние болни изјави во кои нема историска суштина, логика или разбирање до што може тоа да доведе дури и во соништата“,
оцени таа.
Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, иако тоа е невозможно според Повелбата на организацијата во која Русија има право на вето во главното тело – Советот за безбедност.
Како што наведе Киев, Русија незаконски го држи седиштето на Советскиот Сојуз во Советот за безбедност на ОН од 1991 година и неговото распаѓање во 15 нови земји.
„Русија го узурпира местото на СССР во Обединетите нации. Тоа се три децении незаконско присуство во ОН, кои беа обележани со војни и окупација на територии на други земји, принудни промени на меѓународно признатите граници и обиди да ги исполни своите нео-империјални амбиции“,
се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.