Полицијата со помош на куче трагач ја пронајде жената која вчера беше изгубена на планината Китка.
Како што соопштуваат од МВР, жената за која вчера нејзиниот сопруг околу 15.44 имаше пријавено во полициска станица дека во близина на планинарскиот дом на планината Китка, се оддалечила и најверојатно се изгубила, е најдена неколку часа подоцна.
„Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба. Вчера oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, откако нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје“,
се вели во соопштението од МВР.
Од таму додаваат дека на местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.