Во последните недели, САД распоредија воена сила во Карипското Море која е невидена од инвазијата на Панама во 1989 година, забележува весникот „Гардијан“. Владата на Доналд Трамп постојано го зголемува притисокот врз Мадуро, кого го обвинува дека раководи со наркокартелот „Картел де лос Солес“ (Картел на Сонцето)
Куба ги обвини Соединетите Американски Држави за обид за насилно отстранување на венецуелската влада и го оцени засиленото присуство на американски воени сили во регионот како агресивна закана.

„Отстранувањето на владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, би било исклучително опасен и неодговорен потег со кршење на Повелбата на ОН“,
изјави кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес.
Во последните недели, САД распоредија воена сила во Карипското Море која е невидена од инвазијата на Панама во 1989 година, забележува весникот „Гардијан“. Владата на Доналд Трамп постојано го зголемува притисокот врз Мадуро, кого го обвинува дека раководи со наркокартелот „Картел де лос Солес“ (Картел на Сонцето).
Во август, САД објавија награда од 50 милиони долари за апсење на Мадуро, а пред само неколку дена Вашингтон го вклучи „Картел де лос Солес“ на својата листа на странски терористички организации. Сепак, Трамп не ги објавува јасно своите намери и вели дека ги разгледува сите опции – од воена интервенција до договорено повлекување на Мадуро.
Во саботата медиумите објавија дека САД се закануваат дека во наредните денови ќе преминат во нова фаза од операциите поврзани со Венецуела.
„Венецуелските граѓани и војската ќе се спротивстават на секој таков обид. Го повикуваме народот на САД да го запре ова лудило. Дејствијата на американската влада може да предизвикаат смрт на безброј луѓе и да доведат до незамисливо сценарио на насилство и нестабилност“,
изјави кубанскиот министер за надворешни работи.
