Властите во Куба соопштија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти, што било потврдено во испитувањата извршени во три фази
Куба објави дека одобрила за употреба уште две вакцини против коронавирус, развиени од тамошните научници.
Властите во Куба соопштија дека комбинацијата на две дози на вакцината „Соберана два“ и една доза „Соберана плус“ ги спречува симптомите на ковид-19 со ефикасност од 91,2 проценти, што било потврдено во испитувањата извршени во три фази.
Кубанскиот Центар за контрола на лекови и медицински помагала (CECMED) објави дека е издадено одобрение за употреба на двете вакцини.
Институции на Куба и Иран работеа на развојот на „Соба два“, а Иран веќе одобри вакцина наречена „Пастерковак“.
Во јули, Куба ја одобри својата прва вакцина против ковид-19 „Абдала“.
Aprueba el CECMED el Autorizo de Uso en Emergencia de las Vacunas cubanas SOBERANA 02 y SOBERANA PLUS https://t.co/ysqYqXpMs5 pic.twitter.com/XgaLuuCdki
— CECMED (@cubacecmed) August 20, 2021
Според податоците на „Ворлдометерс“ во Куба досега со коронавирус се заразиле 573 751, а починале 4 481 лица.