Целта на оваа измена е да се овозможи побрзо и поедноставно спроведување на постапките за регулирање на престојот, при што значително се скратува времето потребно за прибавување на потребната документација

Кривичниот суд ги извести странските државјани кои престојуваат во Република Северна Македонија дека настапува промена во процедурата за проверка на казнена и кривична евиденција, неопходна за регулирање на престојот.
Според новата постапка, проверките веќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Ова значи дека странските државјани нема потреба самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. МВР ќе ги врши проверките по службена должност во рамките на постапката за одобрување или продолжување на престојот.
Целта на оваа измена е да се овозможи побрзо и поедноставно спроведување на постапките за регулирање на престојот, при што значително се скратува времето потребно за прибавување на потребната документација.