Според информациите, психичкото насилство врз учениците го сторил во периодот од 3 до 10 февруари годинава
Кривична пријава доби 53-годишен хигиеничар вработен во основно училиште во беровско село поради основи за сомение за сторено кривично дело насилство врз дете, соопштија од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово.

Во описот за случајот се вели дека пријавениот М.К. (53), вработен како хигиеничар во основното училиште во периодот од 3 до 10 февруари годинава извршил психичко насилство врз тројца ученици.
Дополнително, ги снимал учениците со својот мобилен телефон.
