„Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15,4 милиони денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот“, информираа од МВР
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека против поранешниот градоначалник на Свети Николе С.В. (55) е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во 2021 година, тој во својство на градоначалник спротивно на Законот за градење и Правилникот издал одобрение за градба кое не било евидентирано во електронскиот систем на Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при Општина Свети Николе.
„Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15,4 милиони денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот“,
велат од МВР.
Дополнително, како што посочуваат оттаму, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект.
