Полицијата поднесе кривична пријава за насилство врз дете против седуммина од Кочани.
Како што соопштија од МВР, Одделението за внатрешни работи – Кочани до Основното јавно обвинителство во овој град поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“, предвидено со член 201-а од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 11 април годинава, околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде што пријавените физички нападнале дете. За случајот е известен Центарот за социјална работа – Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи во Скопје.