Од МВР велат дека е поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и изречена е задолжителна мерка А. Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката
Полицискиот службеник А. Б. од Крушево доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на службата по член 143 од Кривичниот законик.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), А. Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола, на 8 ноември минатата година, при преземање службени дејства, неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз Д. Д., при што му нанел тешка телесна повреда.
Од МВР додваат дека од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесен предлог за утврдување дисциплинска одговорност и изречена е задолжителна мерка А. Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката.