Прилепската полиција поднесе кривична пријава против прилепчанец кој пред неколку месеци нападнат здравствен работник при вршење на здравствена дејност.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавата е поднесе против триесет и двегодишниот Т.У. од Прилеп
На 29 јули 2020 во Прилеп, во здравствена установа на ул.„Марксова“, Т.У. по претходна расправија физички ја нападнал М.Д., вработена во установата.
„360 степени“ во саботата (17 октомври) објави сторија преку која се анализираат зачестените напади врз медицински лица за време на вршење на нивната работа. Податоците ги добивме од Министерството за внатрешни работи и од нив може да се види дека повеќето напаѓачи одговараат за дело „наручување на јавен ред и мир“.
Целата сторија тука: