Десет лица од кои деветмина од Битола и еден од Скопје заработија кривични пријави бидејќи, полицијата ги затекнала во затворен простор, без маски и без почитување на протоколите за заштита од ковид.
„СВР-Битола поднесе кривична пријава против А.С.(37), Н.Н.(33), Ѓ.П.А.(37), С.Г.(28), М.С.(29), Н.В.(30), Ј.П.(30), Б.Б.(38), М.Т.(28), сите од Битола и К.А.(27) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“,
информира Министерството за внатрешни работи.
Тие на 21 февруари годинава, околу 1:30 часот по полноќ во Битола, биле затекнати од страна на полициски службеници од СВР-Битола во затворен простор, во група, без маски, со што постапиле спротивно на Одлуката на Владата за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19.
