Според информациите од полицијата, во текот на 2023 година, пријавените започнале реконструкција на постоечки легален објект. Меѓутоа, наместо во предвидените рамки, тие без одобрение од надлежен орган извршиле доградба на простор со вкупна површина од 395,14 метри квадратни

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против правно и одговорно лице од Кочани поради нелегално доградување на објект и узурпација на државен имот, кој подоцна бил користен како угостителски објект.
Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани до Основното јавно обвинителство поднесе пријава против Трговското друштво за вработување инвалидни лица „Але – Дар ДООЕЛ“ и 34-годишниот А.А., во својство на одговорно лице. Тие се товарат за кривичните дела бесправно градење и узурпација на недвижности.
Според информациите од полицијата, во текот на 2023 година, пријавените започнале реконструкција на постоечки легален објект. Меѓутоа, наместо во предвидените рамки, тие без одобрение од надлежен орган извршиле доградба на простор со вкупна површина од 395,14 метри квадратни.
Инспекцискиот надзор утврдил дека дел од нелегално изградениот објект се наоѓа на земјиште во сопственост на правното лице, додека останатиот дел е изграден на државно земјиште.
И покрај тоа што немал соодветна документација, доградениот објект бил ставен во функција во мај 2023 година.
„Објектот се користел како угостителски објект, при што се вршела соодветна дејност и се остварувала имотна корист. Бесправната градба е констатирана од страна на градежен инспектор од Општина Кочани со записник од 3 април 2026 година“,
појаснуваат од МВР.
Овој случај е дел од засилените активности на надлежните служби за сузбивање на урбаниот хаос и заштита на државниот имот во регионот.
