Истовремено, тој редовно примал плата и други додатоци, со што ја оштетил здравствената установа
Поднесена е кривична пријава против доктор од струшко Вевчани кој повеќе од две години работел во охридската болница, без да ја продолжи лекарската лиценца за работа, информираат од СВР Охрид.
„Против М. Р. (44) е поднесена кривична пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата“,
се вели во соопштението од охридската полиција.
Докторот бил вработен во ЈЗУ Општа болница во Охрид и повеќе од две години не ја исполнувал својата законска обврска да ја продолжи лиценцата за работа, која му била со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 година.
„Така, тој продолжил со работа без да поседува лиценца за работа, а истовремено редовно примал плата и други додатоци“,
стои во соопштението на СВР Охрид.
Со тоа, како што велат оттаму, тој ја оштетил здравствената установа.