Поради организирање свадбена веселба во време на пандемија, СВР Тетово поднел кривична пријава против правно лице од овој град и едно лице од Мала Речица за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Како што информира МВР, полициските службеници, при контрола во хотел констатирале дека се организира свадба со 80 гости.
„СВР – Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, Тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде што имало 80 гости“,
се наведува во соопштинето на Министерството.
Со решение на Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во полиција за понатамошна постапка.