Осомничениот вчера е уапсен откако претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обиде да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне
Н.К. е приведен во прилепската полиција, изведен е пред судија на предходна постапка при што му е одреден притвор во траење од осум дена во КПУ Затвор Битола
Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 53-годишниот ресенчанец со иницијали за основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста по чл. 143 ст 3 од КЗ и две кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл. 383 од КЗ.
Осомничениот вчера е уапсен откако претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер” се обиде да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства во центарот на Прилеп околу пладне.
За да го запре, полицаецот пукаше во гумите од возилото. Целата ситуација беше шок за граѓаните кои во тоа време се најдоа пред градскиот пазар.
Н.К. е приведен во прилепската полиција, изведен е пред судија на предходна постапка при што му е одреден притвор во траење од осум дена во КПУ Затвор Битола.