Со одлуката на кривичниот совет при Кривичниот суд, се потврдува одлуката на судија на претходна постапка и останува да важи мерката притвор кој ќе почне да се спроведува откако Груби ќе биде обезбеден во земјава
Основниот кривичен суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на адвокатот на Артан Груби против решението со кое му беше одреден 30-дневен притвор.
Со одлуката на кривичниот совет при Судот, се потврдува одлуката на судија на претходна постапка и останува да важи мерката притвор кој ќе почне да се спроведува откако Груби ќе биде обезбеден во земјава.
Адвокатот на Артан Груби минатата недела поднесе жалба на одлуката на Кривичен откако Судот, на предлог на Јавното обвинителство определи притвор во времетраење од 30 дена против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на „Државна лотарија“ на РСМ, Перпарим Бајрами.
Двајцата не се достапни за органите на прогонот, а притворот против нив ќе почне да се спроведува од нивното пронаоѓање и обезбедување во земјава.