Според извори од истрагата, распитот на поранешниот министер за економија е поврзано со издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани како кабаре
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е на распит во полициската станица во Карпош, дознава „360 степени“.

Според извори од истрагата, поранешниот министер за економија е обезбеден во врска со издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани како кабаре.
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција обелодени дека лиценцата за работа на дискотеката е фалсификувана и издадена на 13 март 2024 година, со важност од една година, а на неа стои потписот на тогашната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ. Министер во тоа време е Крешник Бектеши, кадар на ДУИ.
Сè уште нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за приведувањето на Бектеши.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, според последните информации, загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека се осомничени повеќе од 20 лица.