Портпоаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека руско-украинските преговори се планирани за утре, пренесуваат руските медиуми.
Порано денеска, претсавници од руската и украинската мировна делегација истакнаа дека преговорите забележале значителен напредок, како и тоа дека се очекува да биде постигнат договор во наредните неколку денови.
И покрај тоа, советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, изјави дека Украина нема да отстапи од своите ставови во преговорите со Русија.
Досега се одржаа три состаноци на мировните делегации на овие две земји, но се уште не е постигнат договор за прекин на огнот во Украина.